САД ја тужи Спејс Икс, компанијата на Илон Маск, поради дискриминација и невработување на азиланти и мигранти

Американското министерство за правда ја тужи компанијата Спејс Икс, во сопственост на Илон Маск, тврдејќи дека компанијата дискриминира и не вработува бегалци и азиланти.

„Според тужбата, најдоцна од септември до 2018, па со мај 2022, Спејс Икс постојано ги обесхрабрува азилантите и мигрантите да аплицираат за работно место, и континуирано одбива да ги вработи поради нивниот статус на државјанство, со што го прекршува Законот за имиграција и националност“, се вели во соопштението на министерството.

При огласи за вработување, но и јавни соопштенија во последните неколку години, Спејс Икс погрешно тврди дека според федерални регулации, компанијата може да вработува само американски државјани и постојани жители според закон, понекогаш именувани и како „сопственици на зелени карти“, дополнуваат од министерството.

Притоа, од министерството посочиле на интернет објави од сопственикот на компанијата, Маск, во кои е присутен дискриминациски говор.

Маск за тужбата кон Спејс Икс изјавил дека е „вооружување на Министерството за правда за политички цели“.

Властите во САД бараат правична истрага и исплата на платите за азилантите и бегалците на кои им било спречено вработување во Спејс Икс поради утврдената дискриминација, соопшти Министерството за правда.

Со тужбата, побарана е исплата на граѓански казни во износ одреден од судот, но и промени во компаниските политики со цел дискриминацијата да се спречи при идните вработувања.