САД ја одобри продажбата на алкохол во прав

Во овој период минатата година, интернетот беше преплавен од дискусии за еден контраверзен производ за кој се шпекулираше дека ќе ги надмине дупките во регулативите на прехрамбената и лекарската администрација.

Palcohol небесно бел прав, кој им овозможува на корисниците да ја трансформираат водата во алкохол беше првично одобрен да се продава во САД.  Вчера беше објавено дека супстанцијата е чиста според проценките на Прехрамбената и лекарската администрација и дека може од ова лето да се најде на полиците. Белиот прав ќе се продава во преносни торбички, а според шпекулациите ќе се продава во четири различни вкусови (Cosmopolitan, Mojito, Powderita and Lemon Drop).

Уште од минатата година компанијата се соочува со големи проблеми во врска со својот маркетинг пристап бидејќи луѓето мислат дека со тоа постигнуваат несовесно однесување, преголемо ниво на уживање, а прогласија и војна откако беше изјавено дека правот може да се користи и за приготвување на вечерата.

Едноставно кажано, Palcohol има голем простор за злоупотреба со тоа што не се знаат препорачливите дози и постоењето на огромен број измамници кои го нудат некому да го „шмрка“.

Во видеото чиј автор е Марк Филипс се зборува подетално за производот Palcohol.

Извор: mixmag.net