САД и официјално се повлекува од СЗО

САД официјално се повлекоа од Светската здравствена организација (СЗО) по наредбата на претседателот Доналд Трамп, кои ги обвинува за лошо управување со пандемијата на новиот коронавирус. Оваа одлука ќе стапи на сила на 6 јули 2021 година.

„Конгресот е известен дека претседателот официјално ги повлече Соединетите држави од СЗО во услови на пандемија“, потврди на Твитер американскиот сенатор Роберт Менедез, кој е член на Комисијата за надворешни работи на Сенатот.

Трамп во април го запре финансирњето на СЗО која брои 194 членки и без чии средства организацијата многу потешко ќе функционира, а потоа во писмото од 18-ти мај даде рок од 30 дена СЗО да се обврзе дека ќе се реформира, при што најави дека САД ќе ја напуштат СЗО за помалку од две седмици по истекот на овој рок. Инаку, САД се најголем финансиер на СЗО со околу 450 милиони долари годишно.

СЗО е независно меѓународно тело кое соработува со Обединетите нации. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, истакнуа дека СЗО е „апсолутно критична кон светските напори за остварувањ на победа во војната против Covid-19“.