Саат-кулата во Осло ќе пушта музика од Bowie и Motörhead до крајот на мај

Саат-кулата во центарот на норвешкиот главен град Осло веќе со години го означува времето со музика. Па така, по смртта на David Bowie и Lemmy Kilmister, граѓаните ќе можат секојдневно да слушаат и нивни песни до крајот на мај.

Во шест и седум часот попладне, 49 ѕвона на саат-кулата ќе ги свират песните „Changes“ на Bowie од албумот Hunky Dory, издаден во 1971 година и „Electricity“, од последниот албум на Motörhead.

Властите во Осло, на овој начин сакаат да им оддаде почит на музичките легенди. Покрај нив, од саат-кулата секојдневно може да се слушне и музиката на Kraftwerk, Nine Inch Nails и John Lennon.