[Обновено] Средношколците повикани на втора средба во МОН

Тројца претставници на Средношколскиот пленум денеска во 10 часот се повикани на втора средба во Министерството за образование и наука, информираат од пленумот.

[Обновено] Средношколците повикани на втора средба во МОН

Средношколците кои ги посетивме утрово во нивниот камп поставен спроти зградата каде се наоѓа министерството, во Паркот на новинарите, велат дека ноќта под отворено небо поминала мирно. Немале никакви притисоци, и се повеќе граѓани ги посетуваат за да остават донации, храна, вода и други намирници.

[Обновено] Средношколците повикани на втора средба во МОН

[Обновено] Средношколците повикани на втора средба во МОН

Во кампот кој е обележан со црвена лента, се поставени неколку шатори каде средношколците велат дека ќе преноќуваат, се додека не се исполнат нивните барања – враќање на стариот концепт на државната матура и ставање во мирување на екстерното тестирање.

[Обновено] Средношколците повикани на втора средба во МОН

Дејан Рајковски од пленумот изјави дека на денешната средба очекуваат да се развие жестока дискусија, како и на вчерашната средба.

[Обновено] Средношколците повикани на втора средба во МОН

„Но овојпат очекуваме да дојдеме до компромис. Вчера и двете страни нафрлавме аргументи, но некако не се разбиравме едни со други и двете страни имаа еден цврст став, денеска очекуваме да се отворат картите и да се дојде до некој заеднички компромис. Ние ова го гледаме како признавање на Средношколскиот пленум, иако во јавноста изјавија дека пред сè се загрижени за нашата безбедност, но ние сме загрижени за иднината на образованието“, вели Рајковски.

Вчера вицепремиерот Владимир Пешевски, кој заедно со заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски и министерот Абдилаќим Адеми се сретна со средношколците изјави дека Средношколскиот пленум не е легитимен. Средбата како што изјави, била направена поради безбедноста на децата и тие да се вратат на училиште.

„МОН има доволен капацитет да ги процени последиците од своите постапки, владата ги анализира внимателно и во соодветен момент доколку има потреба од измени ние ќе ја информираме јавноста, но тоа нема да се случи денес“, рече Пешевски.

Педесетина средношколци синоќа преспаа во импровизираниот камп, револтирани од игнорантскиот однос на надлежните кон нивните барања. По три марша, четиринеделен бојкот на наставата и протести во десетина градови, претставници на пленумот за првпат беа повикани на средба во МОН вчера напладне, но средбата заврши без договор. Протестите на средношколците започнаа откако МОН најави дека сите ќе полагаат математика како дел од државната матура, за потоа да се повлече и најави дека мерката ќе важи само за оние кои се дел од природно-математичкиот смер.