Култната македонска хип-хоп група „С.А.Ф“, денес (14 септември) од 21 часот ќе одржат ексклузивен концерт во „Станица 26“.
Поводот за концертот е најавата на реизданието на албумот „Сафизам“.
„Станува збор за колекционерска едиција составена од 7 плочи на кои се содржат нивните класици. Изданието е збогатено со уметноста на стрип цртачот Здравко Гиров кој ги илустрираше песните и хип-хоп хероите Смилен, Гоце и Пикисипи како стрип јунаци. Изданието е поддржано од Нетцетера, а ќе можете официјално да го имате во својата колекција почнувајќи од 1-ви октомври, каде ќе се презентира во детали на Skopje Vinyl Convention во МКЦ“, соопштуваат од Нетцетера.
Од таму посочуваат дека картите за концертот се бесплатни за најбрзите 200 фанови.
„Се’ што треба да направат за да ја подигнат својата карта е да донесат примерок од албум на С.А.Ф (Оригиналното ЦД или винил издание) или карта од концертите од 2001-ва или 2015-та. Местото за подигнување на билетите е новиот IT хаб – Netaville, лоциран на адреса Никола Тесла 9, во Скопје – спроти технолошки факултет (види мапа). Време на подигнување од 14 до 20 часот“, соопштува Нетцетера.
Почетокот на настанот е закажан за 21 часот, a лимитиран број на карти ќе можат да се купат и на влезот во „Станица 26“ по цена од 600 денари.