Руските објави на Фејсбук стигнале до 126 милиони Американци за време на изборите

Содржини објавени или финансирани во Русија стигнале до околу 126 милиони Американци на Фејсбук за време на и после претседателските избори во 2016 година, според подготвеното сведоштво на компанијата поднесено до судскиот комитет на Сенатот.

Фејсбук верува дека 120 лажни страници создале повеќе од 80.000 објави кои ги примиле 29 милиони Американци директно, но стигнале до многу поголема публика преку корисниците кои споделувале, лајкувале или ги следеле објавите.

Сведочењето на технолошкиот гигант ќе се случи после драматичниот развој во истрагата за руското мешање во изборите од страна на специјален совет.

Во понеделникот беше откриено дека Џорџ Пападополус, поранешен советник за надворешни работи, признал дека е виновен дека ги лажел истражувачите на ФБИ за неговите контакти со две лица блиски до руската влада.

Во меѓувреме, поранешниот менаџер на кампањата на Трамп, Пол Манафорт, и неговиот бизнис партнер Рик Гејтс, пред судот изјавија дека не се виновни за перење на пари, днаочна евазија и заговор против Владата на САД.

Колин Стреч, адвокат на Фејсбук, треба да објасни што се руската Агенција за интернет истражување објавила меѓу 2015 и 2017 година. Објавите се ширеле насекаде, иако многу од тие 126 милиони луѓе никогаш не го отвориле и прочитале материјалот.

Иако 126 милиони луѓе се половина од гласачкото тело на Америка, Фејсбук планира да ја намали значајноста на овие броеви на сослушувањата во Конгресот.

„Нашата најдобра проценка покажува дека во просек 126 милиони луѓе примиле вакви објави во одредено време од тој период од две години. Тоа е во рпосек едно од 23.000 парчиња содржина“, вели Стреч.

Откритието за руското мешање, според сведочењето на Стреч, „отворило ново бојно поле за нивната компанија, индустрија и општество“.