Рускиот виолинист Борисо-Глебски за крај на „Есенски музички свечености“

Со симфонискиот концерт „Поема екстаза“ на Македонската филхармонија, вечер завршуваат годинашните „Есенски музички свечености“.

Како солист ќе настапи еден од најдобрите виолинисти од поновата генерација руски уметници, Никита Борисо-Глебски, кој ќе го изведе Концертот за виолина и оркестар во d-moll оп. 47 од „таткото на финската музика“ Јан Сибелиус.

Диригент е холандско-јужноафриканскиот маестро Конрад ван Алфен.

Оркестарот на Македонската филхармонија ќе ги изведе и „Поема екстаза“ од Александар Скрјабин, како и тонската поема „Попладневна вештерка“ од Антонин Дворжак.