Рускиот критички весник „Новаја газета“ ја прекина работата по предупредувањата на „Роскомнадзор“

Добивме уште едно предупредување од „Роскомнадзор“. Решивме да ја прекинеме работата на социјалните мрежи и со издавање на весникот „до крајот на ‘специјалната операција’ на територијата на Украина“. Со почит, редакцијата на „Новаја газета“.

Со оваа порака, редакцијата на „Новаја газета“, која беше единствениот преостанат слободен медиум во Русија, се обрати до јавноста кога беше објавено дека ќе ја прекинат работата поради заканите од режимот на Владимир Путин, пренесува „Данас“.

„Роскомнадзор“ ги информираше дека било издадено уште едно писмено предупредување до редакцијата и до основачот на весникот, Дмитри Муратов, кој е еден од минатогодишните добитници на Нобеловата награда за мир.

Рускиот нобеловец Муратов ја продава Нобеловата награда за помош на украинските бегалци

Причина за тоа е наводното „спомнување на невладина организација-странски агент без обележување“. „Роскомнадзор“ го издаде првото предупредување на „Новаја газета“ на 22 март.

Две предупредувања на „Роскомнадзор“ годишно се чекор до одземање на лиценцата за медиуми во земјата.