Руски уметник изработува минијатурни скулптури од врвови на моливи

Рускиот уметник Салават Фидаи има необична техника на изработка скулптури. Тој првично почнал како столар, за потоа да стане искусен уметник кој изработува минијатурни скулптури на самите врвови од моливите со кои секојдневно пишуваме.

Фидаи користи посебен нож со кој длаби различни скулптури налик на раце, згради и разни ликови од поп културата. Процесот бара посветеност и добро разбирање за тоа колку врвовите можат да издржат, иако грешките се неизбежни.

Овој уметник од Уфа е фасциниран од се што е минијатурно, а слика и на семиња. На видеото подолу може да се погледне како изгледа неговата работа при изработка на минијатурна верзија на Ајфеловата кула.