Руски петгодишници ископале пат од градинката, за да си купат спортски автомобил

Две петгодишни момчиња во Русија со помош на лопатки успеале да ископаат пат под оградата на нивната градинка. Целта им била да излезат надвор, за да си купат спортска кола Јагуар, јавува „Komsomolskaya Pravda“, а пренесе „Guardian“.

Момчињата, како што пишува весникот, исчезнале додека нивната група група одела на прошетка во кругот на детската градинка, во градот Магнитогорск во регионот на Урал.

Од регионалното Министерство за внатрешни работи го потврдиле бегство на момчињата од градинката.

„Ние немаме никакви детали, сепак, може да го потврдиме самиот факт”, изјави портпаролот, додавајќи дека инцидентот се случил пред неколку дена.

Откако излегле на „слобода“, момчињата испешачиле повеќе од 1,5 километар, кон изложбениот салон за продажба на луксузни автомобили. Случајно ги забележала една жена возач и ги прашала што прават. Тие и одговориле дека дошле од нивната градинка за да купат Јагуар, но немаат пари. Жената ги качила во својот автомобил и ги пренела до најблиската полициска станица.

Момчињата го планирале своето бегство неколку дена за што ископале дупка под оградата на градинската, со помош на лопатчиња за играње во песок, додава „Komsomolskaya Pravda“ повикувајчи се на извори од градинката. Оттаму пак официјално потврдиле само дека го забележале исчезнувањето на децата по половина час.

Надлежните од образовние пак на настанот одговориле со давање отказ на воспитувачот одговорен за децата, како и со предупредување за останатите вработени.

„Ова се смета за многу сериозен прекршок”, изјави шефот на одделот за предучилишно образование на  Магнитогорск, Олга Денисенко.  Родителите на децата немаат најавено тужби против градинката.