Руска стјуардеса доби отказ откако Калининград го најави со старото германско име

Руската авиокомпанија „Аерофлот“ соопшти дека ќе отпушти една стјуардеса поради грешка која ја направила во најавување на лет, односно погрешно навела име на град.

Таа на 25 април пред полетувањето на релацијата Москва –Калининград, прво на руски ги поздравила патниците, а потоа во најавата на англиски јазик за крајната дестинација го употребила старото германско име на градот Кенигсберг.

Според локалните медиуми стујардесата ја пријавиле патниците, по што била покрената истрага и било одлучено да добие отказ.

Кенигсберг порано бил центар на Источна Прусија, но по Втората светска војна станува дел од Советскиот Сојуз и е преименуван во Калининград.

МИА