Руска балерина во знак на протест, на -15 степени изведе сцена од „Лебедово езеро“

Руска балерина која е членка на светски познатиот театар „Марински“ од Санкт Петербург, изведе сцена од балетот „Лебедово езеро“ на Петар Илич Чајковски во замрзнат дел од Финскиот залив и на температура од -15 степени, пренесува „Н1“.

Балерината Илмира Баграутинова објасни дека на тој начин сака да го изрази своето незадоволство со изградбата на пристаништето во заливот Батареинаја, популарна плажа која се наоѓа на околу 100 километри западно од Санкт Петербург.

Во изјава за „Би-Би-Си“, Баграутинова изјави дека се надева дека нејзиниот настап ќе ги поттикне надлежните да ги спасат вистинските лебеди кои се гнездат во тој залив.