Русија забрани да се споделува слика од „геј Путин“ во борбата против „интернет екстремизам“

Русија забрани слика на која претседателот Владимир Путин е прикажан како геј кловн, со пораката „Стоп за хомофобијата“. Руските медиуми имаат проблем да јават колку точно слики од многуте вакви „мемиња“ од Путин сега е илегално да се споделуваат.

Но, сликата минатата недела беше вклучена на список на руската влада на нешта кои ги сметаат „екстремизам“.

Според Член 4071: „Сполика од личност која личи на Путин со измислени очи и усни, насловена со имплицитна порака која осудува анти-геј говор, алудира на нестандардна сексуална ориентација на претседателот на Руската Федерација“.

Овој постер стана популарен во 2013 година, откако Русија усвои закон со кој се забранува пропагандата врз деца за „нетрадиционалните сексуални врски“, а протестантите за геј права почнаа да се тепаат и приведуваат.

Но, „мемињата“ со геј Путин продолжија да постојат во Русија, иако државата е конзервативна во однос на сексуалната слобода и слободата на говор на интернет во изминатите години.

Портпарол на Кремљ за ТАСС Русија изјавил дека ја нема видено сликата, но е сигурен дека не му пречи на претседателот.

„Кремљ вели дека Путин е вешт во игнорирање на вулгарностите против него“, пишува во насловот одобрен во државниот медиум.

Државата стана доста способна да го контролира тоа што луѓето го кажуваат за нив на интернет.

Русија го усвои својот прв закон против „интернет екстремизам“ во 2013 година, една година откако Путин се врати на функцијата претседател и почна да ги ограничува граѓанските права.

Една година подоцна, јавуваат руските весници, Путин потпишал закон со кој предлага затворска казна за луѓето кои реагираат макар и со обичен „лајк“ на „забранета онлајн објава“. Меѓу таквите се и објави за теоретски државен удар, поради кој беше затворен професор по филозофија.

Во 2015 година, руските власти почнаа да ги затвораат сите веб страници на критичарите на Путин, ограничувајќи ги речиси сите анонимни блогови. Освен тоа, рускиот интернет цензор им овозможува на јавните личности и владините функционери да поднесат кривична тужба доколку видат „меме“ кое „погрешно ја претставува нивната личност“.