Русија со закон забрани четири пцовки

И печатените и дигиталните руски медиуми се известени дека четири зборови веќе нема да може да се појавуваат во нивни текстови и коментари на читатели.

Русија со закон забрани четири пцовки

Тие медиуми што нема да ја почитуваат листата на забранети зборови ќе ја загубат лиценцата, јавуваат руски медиуми.

Листата е составена од Федералната надзорна агенција за технологија и комуникации (Рооскомнадзор).

Во неа се вметнати „вулгарни термини за машки гениталии, вулгарни термини за женски гениталии, вулгарни термини за сексуални односи и жени со лесен морал како и изведенки од тие зборови“, објави МИА.

Сите останати ескплицитни зборови и фрази се дозволени доколку содржината се означи со „возраст-граница“ – 16+.

Во телевизиите и радијата тие зборови ќе може да се користат по 21 часот.

Доколку забранетите зборови бидат забележани во текст, медиумската куќа ќе добие предупредување – две предупредувања во една година веќе ќе значат губење на лиценцата. Листата на Роскомнадзор се појави по законот со кој се забранува користење пцовки во мас-медиумите.