Русија ќе забранува „штетни“ странски книги за деца

Руското Министерство за образование сака да ја забрани странската литература за деца која е во спротивност со руските вредности.

Русија сака да ја забрани Астрид Линдгрен

Една од книгите за која е водена дискусија во тој контекст е популарниот детски лик „Карслон лета“ од светски познатата шведска писателка за деца и млади Астрид Линдгрен, авторка и на прочуениот лик Пипи Долгиот Чорап, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Руското Министерство за образование смета дека Карлсон поттикнува на „непосакувани односи меѓу децата и родителите“, кои не се во согласност со рационалните ставови и вреднувања.

Астрид Линдгрен е мошне популарна во Русија, а нејзината книга за Карлсон е преведена на руски уште во времето на Советскиот Сојуз.

Во патриотскиот бран што сега ја заплиснува Русија се бараат руски алтернативи во однос на сето она што се смета штетно странско влијание, јави Шведското радио.