Русија им забрани на трансродовите луѓе да возат

Декретот кој рускиот премиер Димитриј Медведев го потпиша на 29 декември им забранува на трансродовите луѓе да возат автомобил како и на останатите на кои им е дијагностицирано „нарушување на сексуалната ориентација“, објави Mashable.

Одредбата е дел од поширок документ во кој се вбројуваат медицинските состојби кои ги дисквалификуваат луѓето да возат автомобил или наметнуваат ограничување на правата за возење.

Во листата се вклучени слепило и епилепсија. Но, се однесува и на „ментални нарушувања“ како што се дефинирани од Светската здравствена организација каде се вбројува „нарушувањето на родовиот идентитет“, односно „транссексуализам“ и „транвестизам“. Во листата се најдоа и „садомазохизам“, „педофилија“ и „егзибиционизам“. Декретот е дел од законот наречен „За безбедноста на патиштата“ кој се базира на најновиот прирачник на Светската здравствена организација за класификација на болести, формално познат како Меѓународната статистичка класификација на болести и сродни здравствени проблеми или ICD-10.

Декретот наведува дека останатите ментални нарушувања може да го оневозможат возењето, доколку тие се покажат дека имаат „хронични” или „сериозни” симптоми. Тој опфаќа широк спектар на состојби на листата на IDC10 на ментални нарушувања вклучувајќи ги и деменција, шизофренија и нарушувања на расположението, но ги исклучува другите како што се нарушувања во исхраната, одредени нарушувања на спиењето и нимфоманијата. IDC10 не ја класифицира хомосексуалноста каконарушување на сексуалната ориентација.
 На овој  закон реагираше Здружението на руските правници за човекови права. Тие сметаат дека декретот значипокажување пристрасност против поединци и групи на граѓани како и значително ограничување на правата и слободите на граѓаните во целина.”
Извор: buzzfeed.com; Mashable