Русија го блокира снимањето на „House of Cards“ во Обединетите нации

Во потег што личи како да е дел од сценариото на „House of Cards“, руската делегација во Организацијата на Обединетите нации вчера ставила вето на барањето на продуцентите на популарната серија да се дозволи снимање на две епизоди во просториите на ОН, објави Foreign Policy, повикувајќи се на доверливи електронски пораки меѓу руски дипломат и неговите колеги во Советот за безбедност.

Русија го блокира снимањето на „House of Cards“ во Обединетите нации

Според Русите, салата во која се одржуваат седниците на Советот за безбедност, каде што требало да се снимаат сцените, е место кое мора во секое време да биде слободно за решавање на неочекувани светски кризи. За ова прашање во ООН заседавал Советот за безбедност, откако канцеларијата на Генералниот секретар Бан Ки-мун им предложил на делегациите на 15-те земји членки да го прифатат барањето за снимање на „House of Cards“. Авторите на серијата сакале да се подигне свеста за работата на Обединетите нации, а снимањето требало да се одвива надвор од работното време.

Одлуката не значи дека продуцентите на серијата не можат да побараат снимање во други делови од зградата на ООН во Њујорк. Но, за гледачите на „House of Cards“, потегот на Русија значи дека нивниот омилен лик, најсуровиот политичар, Претседателод Frank Underwood (игран од Kevin Spacey) нема да добие можност да седне на прочуената маса во форма на потковица. Новинарите потсетуваат на 1959, кога во слична ситуација, на прославениот режисер Alfred Hitchcock не му било дозволено да снима сцена од неговото ремек-дело „Север-северозапад“ („North by Northwest“) во Обединетите нации.