Споменикот на советската армија во Софија уште еднаш беше предмет на креативни вандали. Споменикот посветен на руските војници во Втората светска војна неколкупати беше вандализиран во минатото, а сега Москва бара тоа да запре.
Во 2011 година, беше обоен според култните ликови како Супермен, Роналд МекДоналд, Дедо Мраз. Во 2013 та пак, доби розова боја со графит под него каде пишуваше „Бугарија се извинува“, што пак требаше да ја означи годишнината од Прашката пролет, според Associated Press.
Во февруари годинава, споменикот беше обоен во боите на украинското знаме.
Оваа седмица пак споменикот беше обоен во црвено, во текот на ноќта, на 17 август. Надлежните органи во Бугарија не откриваат колкава е штетата, туку наведуваат дека црвената боја била ставена „на неколку места“.
Руското министерство за надворешни работи, реагираше со протестна нота на ваквите случувања, пренесе Итар-Таас. Како што се наведува во писмото адресирано до бугарското Министерство за надворешни работи, Русија бара да се преземат мерки за превенција од идни вакви случувања, како и одговорните за вандализмот да бидат откриени.
Извор: Thewire