Рудиментал ја разбуди скопската публика

Долгоочекуваниот лондонски д’н’б квартет синоќа настапи во Експо Центарот. За жал само двајца членови од познатата четворка беа тука за да пренесат малку од „лондонскиот шмек“ во Скопје, но според реакциите на скопската публика (чија критика е релевантна) дефинитивно покажаа  дека знаат што прават.

Рудиментал ја разбуди скопската публика

Еден од највртените, најзборуваните и најпосетените состави моментално во музичката индустријата се чини дека планираат да бидат присутни уште долги години на сцената. Салата беше преполна, а DJ Locksmith и момчето со трубата Mark Crown направија вистинска предновогодишна журка.

Рудиментал ја разбуди скопската публика

Гужвата,  жешката атмосфера и убави луѓе ги пратеа во секој потег. Ги пееја рефрените од “Feel the love“ и “Not giving in“ извртени преку нивниот прв албум “Home“ и плус некое нивно „фаворитче“ кое се чини му лежеше на Mark.

Рудиментал ја разбуди скопската публика

Како загревање за настапот на лондонската група беше уште едно име во електронската музика, Милан Станковиќ ака DJ SevdahBABY кој со својот сет создаде одлична атмосфера и си ја заврши својата работа на завидно ниво. DJ SevdahBABY се претвори во сензација на Белградската сцена, па се надеваме дека ќе ги видиме во блиска иднина во Скопје, но во полн состав.

Рудиментал ја разбуди скопската публика

Ни требаа овие музички умови да не растресат, од недостатокот на мејнстрим креативци на сцената во Македонија, да ни покажат како се прави журка. Ваквите настапи покажуваат дека ако го сакаш тоа што го слушаш и што го создаваш,  секој ќе успее го почувстува електронскиот импулс и уметничкиот допир.

Рудиментал ја разбуди скопската публика

Дарко Андреевски и Николај Митрески