Rudimental EP – нова плоча на електронското дуо Мозаик

Rudimental EP - нова плоча на електронското дуо МозаикЕлектронското дуо Мозаик од Гевгелија ја издаде својата најнова плоча Rudimental EP, за њујоршката издавачка куќа Funky town на Masters at work.

По нивното успешно деби пред три години на светската сцена за електронска музика, Дени Трајков и Иван Сарамандов официјалната промоцијата Rudimental EP ја најавија на 28 декември во Градскиот театар во Гевгелија. Промоцијата почнува во 20.30 часот.

„Funky town” е позната издавачка куќа на „Little” Louie Vega и Kenny „Dope” Gonzales. И оваа плоча ќе биде издадена по нова технологија на производство на аудио плочи наречена „Clear Vinyl”.

Последното авторско издание на Мозаик следува по нивното деби издание Discology за издавачката куќа Audio Paralax , како и компилациската плоча Midnight riot, Volume 4 каде се најде нивната нумера 2 much heaven.

Rudimental EP - нова плоча на електронското дуо Мозаик

Музиката која ја прават овие музичари од југот на Македонија и стилот кој во основа го карактеризираат како продолжување на диско ерата со нов и современ звук, ги прави нивните изданија интересни и за големите музички имиња како што е познатиот Alexander Robotnick.  Имено, од Мозаик наскоро најавуваат издание со ремикс токму од Robotnick.