Rudimental доаѓаат во Скопје идниот месец

Британскиот состав Rudimental доаѓа во Скопје на 15 декември и ќе има настап во салата „Експо центар“, објави продукцијата Авалон. Со диџеј сет, британските драменбејс херои ќе го претстават пред македонската публика својот дебитантски албум „Home“.

Rudimental доаѓаат во Скопје идниот месец

Бендот доаѓа во Скопје во склоп на нивната светска турнеја. Еден ден пред настапот во Скопје, Rudimental имаат свое шоу во спортската саlа „Христо Ботев“ во Софија, која, како што јавуваат медиумите од Бугарија, речиси е распродадена. Бендот го потврди и своето новогодишно хедлајн шоу заедно со „The Prodigy“ во „О2“ арената во Лондон, а за издвојување е и нивниот настап на фестивалот „Snowbombing“ во Австрија, повторно заедно со „The Prodigy“, но и со „Chemical Brothers“.

Како гостин на „Rudimental“ во Скопје со свој диџеј сет ќе настапи еден од најпопуларните балкански диџеи SevdahBABY.

Сите информации за продажбата и за цената на влезниците ќе бидат познати вo петок, на 15 ноември.