Администраторите на популарен романски интернет речник, променија дефиниции на некои од зборовите поради сомневање дека учениците го користеле како алатка за мамење на пробни училишни тестирања.
Романските осмоодделенци минатата недела беа дел од подготвителната национална евалуација – тестирање за 14 и 15-годишниците. Во истиот период минатата година, онлајн речникот„DEX“ регистрирал голем пораст во пребарувања на одредени зборови, што предизвикало сомнежи кај администраторите.
Овој пат тие одлучиле да набљудуваат што ќе се случи за време на тестирањето од 9 до 12 часот, но, истовремено претходно менувајќи ги дефинициите на трите најпребарувани зборови – претпоставувајќи дека ќе бидат поврзани со тестот, јавува новинскиот сајт Република, пренесува ББЦ.
Романскиот збор „pretutindeni“ значи „секаде“, но, оние кои утрото го пребарувале на сајтот на „DEX“ дефиницијата за зборот ја наоѓале како „бесконечно или засекогаш“. Зборот „забележа“ исто така бил променет со погрешно значење „брза“.
Во часовите пред тестирањето, имало само 9 пребарувања за овие два збора, но бројката почнала нагло да расте, со стотици пребарувања за време на тестирањето, соопштиле администраторите на онлајн речникот. Се покажало дека двата збора навистина се нашле во тестирањето, во прашање до учениците да го дефинираат нивното значење.
Растот на пребарувањата се претпоставува дека е поради користење на смартфоните од студентите за време на тестирањето.
Третиот збор кој се појавил како невообичаено популарен – „измама“, всушност не се нашол на тестирањето. Администраторите претпоставиле дека и тој збор бил дел од училишната евалуација, но, подоцна се открило дека зборот бил искористен од познат ромаски автор во блог објава тоа утро.