Романски град им дава бесплатен превоз на оние кои читаат книги во автобус

Од јуни, годинава, секој кој чита книга додека се вози со некој од градските автобуси во романскиот град Клуж добива бесплатен превоз. Оваа идеја ја предложил жител на градот, чија цел била да ги охрабри луѓето да читаат при возење со јавниот транспорт.

Пред една година, Виктор Мирон му предложил на градоначалникот да не им се наплаќа на патниците кои читаат книга. Покрај оваа активност, Мирон заедно со пријатели спровеле и други кампањи со цел да ги поттикнат луѓето повеќе да читаат.

На пример, луѓето кои на својата Фејсбук профилна имале фотографија од книга добивале попусти од разни места, од продавници за книги до фризерски салони, па дури и за заболекар. На 23-ти април пак, на Денот на книгата, луѓето кои со себе носеле книга, можеле бесплатно да ја посетат градската Ботаничка градина.

Извор: Bored Panda