Романија победи на Интернационалниот детски фестивал во Битола

Ана Станчулеску од Романија ја освои гран при наградата на 15-тото издание на Интернационалниот детски музички фестивал “ТРА-ЛА-ЛА” кој се одржа од 13 до 16 август во Битола.

Романија победи на Интернационалниот детски фестивал во Битола

На фестивалот учествуваа 40 млади музички таленти од Португалија, Русија, Малта, Ерменија, Украина, Словенија, Романија, Полска, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Србија, Албанија, Косово и Македонија.

Десетчленото меѓународно жири, за најдобрите изведувачи синоќа на Гала концертот во Центарот за култура во Битола додели прва, втора и трета награда во три возрасни категории.

Во I категорија наградени се: Трето место: Адријана Цветанова од Бугарија; Второ место: Неил Санд од Малта; Прво место: Клеста Џехаја од Косово; Во II категорија наградени се: Трето место: Викторија Трач од Полска; Второ место: Весела Паунова од Бугарија; Прво место: Јован Алексиќ од Црна Гора; Во III категорија наградени се: Трето место: Маријана Дијаз од Португалија; Второ место: Антонија Дора Плешко од Хрватска; Прво место: Келси Беланте од Малта; Специјални награди од директорот на фестивалот “Бледски Златен Микрофон” Јања Јешенко од Словенија се доделени на Ана Гаштарова од Македонија и Ники Мједа од Албанија.

Фестивалот е дел од битолско културно лето Битфест со поддршка на општина Битола и градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.