Романија ќе ја повлекува контроверзната уредба за корупција

По неколкудневните протести, најмасовни по падот на комунизмот од 1989 година, но и по критиките што пристигнаа од разни меѓународни тела и организации, Владата на Романија реши да одржи седница на која би требало да ја повлече спорната уредба со која се ублажуваат антикорупциските мерки.

Романскиот премиер Сорин Гриндеану рече дека владата ќе ја повлече уредбата затоа што „не сака да ја подели Романија“.

Ваквата одлука најави и коалицискиот партнер на владејачките социјалдемократи, кои дојдоа на власт на 4 јануари.

Повеќе десетици илјади демонстранти ја прославија својата победа, но порачаа дека ќе продолжат да протестираат сè додека уредбата која беше усвоена во вторникот и официјално не биде повлечена.