„Рома“, „Црниот пантер“, „Ѕвездата е родена“ и „Фаворитката“ номинирани за „Оскар“

„Рома“ и „Фаворитката“ со по десет номинации водат во трката за овогодинешните награди „Оскари“, кои по 91. пат во февруари ги доделува Американската филмска академија. Номинациите денес беа објавени од актерите Кумаил Нинџиани и Трејси Елис Рос.

Црно-белата драма „Рома“ на Алфонсо Куарон е номинирана за најдобар филм, режисер, актерка, сценарио, но истовремено и во категоријата „странски филм“. Рома“ веќе остави белег на светската филмска и фестивалска сцена во изминатиов период.

„Ѕвездата е родена“ со Бредли Купер и Лејди Гага има осум номинации, исто колку и биографскиот „Vice“ за заменик претседателот на Џорџ Буш.

Лејди Гага е номинирана за најдобра актерка во конкуренција со Глен Клоуз, Мелиса Мекарти, Оливија Колман и Јалица Апарицио.

На листата со седум номинации се најде и блокбастерот „Црниот пантер“, „BlacKkKlansman“ доби шест, а по пет имаат „Зелената книга“ и „Боемска рапсодија“, кои веќе земаа „Златни глобуси“.

Бредли Купер, Вилијем Дефо, Виго Мортенсен, Кристијан Бејл и Рами Малек се петте номинирани за златната статуетка за најдобра машка улога.

Кај режисерите, пак, во конкуренција влегоа Алфонсо Куарон (Рома), Павел Павликовски (Студена војна), Адам Мекеј (Vice), Спајк Ли (BlacKkKlansman) и Јоргос Лантимос (Фаворитката).

Целата листа на номинирани може да се види ТУКА.