Ролинг со нова приказна за Хари Потер

Британската писателка Џоан Ролинг објави нова приказна за волшебникот Хари Потер. Тој сега е постар, оженет и со по некое бело влакно во косата. Приказната од 1.500 зборови беше објавена на нејзиниот веб сајт „Pottermore“ каде го опишува Хари пред неговиот 34-ти роденден.

Ролинг со нова приказна за Хари Потер

Во приказната Потер се дружи со старите пријатели Рони и Хермиoна и со нивните деца. Ролинг Хари го опишува како младич со по некое бело влакно во црната коса и мистериозен белег на образот, а густата коса на Рони полека се изретчува, пишува во приказната напишана во облик на новинарски извештај кој ги следи движењата на познатите во листата на „Дејли Профет“.

Последната книга од серијалот за Хари Потер „Хари Потер и остатокот од смртта“ е објавена во 2007 година, кога Ролинг изјави дека нема да има повеќе продолженија. Таа ја напиша и серијата поврзана со Потер, вклчувајќи ја и „Приказните за Бидла“ книгата која по тој наслов се споменува во последниот роман за Хари Потер.

Ролинг исто така објави и два детективски романи под псевдонимот Роберт Галбрајт.

Извор: Блиц