Ролер-костер за исфрлање камења во бубрег и студија за плунката како средство за чистење добитници на Иг Нобел 2018

Удобноста на домашна колоноскопија, придобивките од „истурање“ на бесот кон шефот на вуду-кукла и недостатокот на нутритивни вредности во канибализмот се дел од научните откритија кои ја добија ИГ Нобеловата награда на церемонијата во Универзитетот Харвард.

Годишната манифестација, која е пародија на Нобеловите награди даде признанија на вкупно 10 комични, но практични научни истражувања, кои „прво ве тераат на смеење, а потоа на размислување“, како што гласи слоганот на наградите. Признанијата ги доделува меѓународниот хумористичен магазин „Анали на неверојатни истражувања“, кое на сатиричен начин ги критикува традиционалните научни списанија и се залага за подигање на јавната свест за науката.

На добитниците на Иг Нобеловите награди за 2018 година наградите им беа врачени на хумористична церемонија, а секој од нив доби и парична награда од 10 трилиони зимбабвиски долари, кои пред да бидат официјално повлечени од употреба во африканската земја скори и да немале никаква вредност.

И, добитниците се:

Линди Лианг, канадска професорка по бизнис, ја добила наградата за економија проучувајќи ја агресијата на работното место. Таа со нејзиното истражување утврдила дека дозволувајќи им на работниците да го „истурат“ бесот на вуду-кукла од нивниот шеф, тие се чувствувале подобро бидејќи „се деактивирале нивните перцепции за неправда“.

Британскиот професор по археологија, Џејмс Кол, утврдил дека и покрај перцепцијата за човечкиот канибализам, човечкото месо всушност не е премногу калорично.

Јапонскиот педијатар Акира Хориуши, била наградена со наградата за медицина поради нејзината процедура за само-колоноскопија, додека група на шпански истражувачи на сообраќајот ја добија Иг Нобеловата награда бидејќи ги измериле ефектите од фрекфенцијата и мотивираноста на викањето и псовките за време на возењето.

Награда за медицина освои и истражувањето дека возењето на ролер-костери го забрзува исфрлањето на камења во бубрези, а награда за литература доби истражувањето дека најголемиот број корисници на нови технолошки продукти не го читаат упатството за употреба.

Наградата за антропологија припаднала за истражувањето дека шимпанзата ги имитираат луѓето скоро исто и скоро во иста количина колку што луѓето ги имитираат шимпанзата. Наградата за биологија припадна за студијата дека винските експерти успешно можат според мирис да утврдат присуство на мува во чаша со вино.

Иг Новелот за хемија припаднал на истражувањето на човечката плунка како средство за чистење валкани површини, додека наградата за репродуктивна медицина го добила истражувањето за користење на поштенски марки за тестирање на функцијата на машкиот полов орган.