Рокот за екстерно поместен поради продолжениот зимски распуст

Поради одлуката да се продолжи зимскиот распуст, Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар соопштија дека процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години во средното образование, ќе се спроведе во периодот од 30.1.2017 година до 3.2.2017 година.

Второто полугодие на учебната 2016/2017 година ќе започне на 23 јануари поради сезонскиот грип.

Покрај продолжувањето на распустот, како мерки се предвидени и секојдневна дезинфекција на автобусите во јавниот градски превоз во Скопје и во другите градови со организиран јавен превоз, како и темелна дезинфекција на училиштата пред почетокот на второто полугодие од учебната година.