Родовата еднаквост запазена на семафори во Германија

Со намера да ја истакнат грижата за еднаквоста на половите, градските власти во Дортмунд одлучија на половина семафори во градот да го заменат машкиот лик со женски.

Родовата еднаквост запазена на семафори во Германија

Така, во иднина AmpelFrau, ликот на девојка во фустан и плетенки во косата, ќе им испраќа порака на пешаците на 50 отсто од семафорите во градот, повикувајќи ги да почекаат или слободно да ја преминат улицата.

Германските медиуми истакнуваат дека ова ќе биде првпат „женските семафори“ во еден град да сочинуваат половина од вкупниот број на семафори.

Родовата еднаквост запазена на семафори во Германија

Меѓутоа, оваа иницијатива не наиде на одушевување кај дел од феминистките, кои ја критикуваат визијата на жени на пиктограмот, сметајќи ја за премногу несериозна.

Во јули берлинскиот Сенат одби слична идеја, меѓу другото, затоа што одредени политичари сметаа дека предложениот дизајн на девојка со плетенки и широк фустан е премногу старомоден и клише.

Извор: Окно/Guardian