Родителите во Батинци во знак на протест не ги пуштија децата на настава

Родителите од бошњачката етничка заедница, чии што деца оваа учебна година беа запишани во прво одделение, во Ц.О.У Алија Авдовиќ во с.Батинци, денеска во знак на протест не ги пуштија своите деца на настава.

Родителите во Батинци во знак на протест не ги пуштија децата на настава

Поради крајно тешките услови во кои функционира училиштето и поради актуелната состојба со епидемијата на заразна жолтица на територијата на град Скопје, покрај протестот свикаа и прес-конференција за да ги соопштат своите барања.

Родителите во Батинци во знак на протест не ги пуштија децата на настава

Родителите бараат од сите надлежни институции, под итно да се започне со активности за санација на постоечкото и изградба на ново училиште со спортска сала, соопшти на прес-конференција, претседателот на родителскиот совет, Едис Јукиќ.

Родителите во Батинци во знак на протест не ги пуштија децата на настава

Доколку надлежните во најбрз можен рок не пристапат кон решавање на проблемот, тие најавуваат дека во координација со родителите чии што деца учат на албански наставен јазик, ќе направат комплетен бојкот на наставата и ќе организираат протести пред сите надлежни институции.

„Во селото нема да биде добредојден ниту еден функционер или претставник на политичка партија, од кои грото ги добиваат нивните гласови на ветувањето за ново училиште“, велат родителите на децата од ова училиште.