„Роденден“ на МКЦ во сабота

Изложба, концерт, поетско-сценски перформанс, филмски маратон и многу музика се најдоа во роденденската програма на Младинскиот културен центар која ќе може да се проследи во сабота, на 17 јануари. Настанот е насловен „Роденден“ и е прво случување во МКЦ во новата 2015 година.

Посетителите во сабота вечер ќе може да ја видат изложбата „Простор, Човек, Симбол” на уметникот Александар Станкоски. Повеќе од 20 учесници, вклучително и поети од Република Србија ќе земат учество во големиот поетско-сценски перформанс „Песнило“.

Од МКЦ најавуваат забава со 5 домашни бендови во рамки на роденденската програмата (SIZ, KNNT, AUTMIND, SUSIJAT, FIGHTING WINDMILLS) додека во бифето на МКЦ музика ќе селектираат Саша Павловиќ, Соња Исмаил и Шурбе(ира)…

И киното „Милениум“ се приклучува кон прославата со бесплатен 24 часовен филмски маратон (програмата на маратонот дополнително ќе биде објавена во текот на неделава).

Влезот е слободен и за роденденската програма во МКЦ.