„Роден/a исто како тебе“ – рекламна кампања за прифаќањето на различноста

Рекламна кампања во Австралија се труди да ги разбие стереотипите и да ја предизвика пристрасноста, преку покажување дека сите луѓе се родени еднакви.

Relationships Australia NSW (RANSW) ја лансираше кампањатаза да направи луѓето да ги забележат ненамерните „пресуди“ кои ги носат на секојдневна база во однос на расата, пол, возраст, религија, сексуалност и попреченост.

Рекламите прикажуваат четири луѓе од малцински групи во општество во кое често се маргинализирани: жена муслиманка, маж со паралегија, лезбијка и Абориџин.

На фотографијата е напишана годината на раѓање, тежината при раѓањето, и зборовите „Роден/а сум исто како тебе“. Тоа е храбро потсетување дека и покрај сите разлики, сите сме луѓе, пишува Mashable.

RANSW, кој нуди советување за врски и поддршка за сите, се надева дека ќе направи луѓето да размислат за нивните погледи на другите луѓе и да дискутираат повеќе за различностите.

„Нашата визија во RANSW е за инклузивно општество кое промовира и поддржува врски изградени со почит, а да се каже добредојде на диверзитетот е значаен дел на тоа“, вели Френк Френцис, извршен директор на RANSW.

Џош Хант, креативен директор на Drifter, агенцијата која ја создала кампањата, вели дека различноста во Австралија е она што ја прави државата уникатна, и Австралијците треба да ја прифатат и да ги надминат застарените погледи.

„Загрижувачки е што сѐ уште немаме еднаквост при склучувањето бракови во Австралија и сѐ уште сме сведоци на расизам, ксенофобија и предрасуди во сите делови на општеството, од спортските игралишта до медиумите“, вели Хант.

„Ако сите барем на еден момент размислиме за нашата различност, ќе сфатиме дека таа е тоа што ја прави земјава толку неверојатна“, смета тој.