Роботот BB-8 од Star Wars е вистински и може да се купи

Компанијата за изработка на роботи Sphero склучи соработка со Disney за да направат минијатурна верзија на новиот лик на Star Wars, роботот BB-8.

Малиот робот за првпат се појави во првиот трејлер за седмата епизода, со изглед на превртена чинија која балансира на топка и прерасна во неофицијална маскота на продолжението Star Wars: The Force Awakens.

За разлика од останатите роботи во оригиналната трилогија како на пример R2-D2, BB-8 е робот кој има интелигенција и може да се купи, со големина на тениско топче. Роботот е висок десет сентиметри, а главата се држи со магнети.

BB-8 е контролиран преку Bluetooth на  iPhone или Android и делумно може да го почувствува неговото опкружување со помош на мапирање.