Робот „побегна“ од лабораторија во Русија

Интелигентен робот успеал да побегне од лабораторија за истражување во Перм, Русија, во вторникот. Роботот, наречен Промобот, учел како да се движи сам, кога еден од вработените во лабораторијата ја оставил вратата отворена. Промобот „патувал“ сам околу 50 метри, застанувајќи на блиска улица кога му се потрошила батеријата.

Сепак, некои руски медиуми се скептични, и тврдат дека ова е само паметен маркетиншки трик за да се придобие медиумско внимание за хуманоидниот робот.

Во видеото, кое компанијата Промобот го објави на својот Јутјуб канал, полицаец оди до местото каде роботот го блокира сообраќајот, и неколку моменти подоцна човек го преместува роботот. Руските медиуми јавуваат дека роботот бил на улицата околу 30 минути, додека да го најдат и да го вратат во лабораторијата.

Според компанијата, роботот е дизајниран да може да разговара со луѓе, да им помага со навигација и да одговара на прашањата.

Извор: Mashable