Робот им помага на фотографите да прават подводни фотографии на Олимписките игри

За да обезбеди квалитетни подводни фотографии од овогодинешните Летни олимписки игри во Рио, „Getty Images“ најми робот да им помогне на професионалните фотографи.

Спортскиот фотограф Ал Бело досега фотографирал вкупно 11 Олимписки игри, но ова е прв пат робот да му помага да прави слики од натпреварите во вода – пливање, скокање и синхронизирано скокање. Вообичаено фотографите поставуваат статична камера со далечинско управување и кликаат кога мислат дека е вистинскиот момент. Тоа бара да се постави камерата правилно предвреме, и да се надеваат дека темпирањето е правилно.

Употребата на робот ќе им помогне на Бело и „Getty“ да гледаат низ базенот за да ја зумираат, настранат и ротираат камерата – Canon 1D X Mark II – за да ја направат вистинската фотографија. Овој метод бил претходно користен од Ројтерс во 2012 година, на Олимпијадата во Лондон.

„Роботите се само уште една алатка која ми помада да направам подобри фотографии“, вели Бело. „Роботот не размислува сам и не добива идеи. Но, може да ни помогне да направиме фотографии поефикасно од било кога порано“.