Откако претходно беше програмиран да им помага на луѓето кои неправедно биле казнети поради сообраќаен прекршок и не можат да се снајдат со правната процедура за поднесување жалба, робот адвокат сега ќе им помага на бегалците со документите кои треба да ги пополнат за да побараат азил.
DoNotPay, изумот на 20-годишниот студент Џошуа Браудер, ја започна својата „кариера“ помагајќи им на луѓето да се пожалат за илјадници сообраќајни казни и да добијат назад пари за одложени или откажани летови.
Сега им помага на бегалците во Велика Британија, САД и Канада да „навигираат“ низ бирократијата и да успеат да добијат азил преку Фејсбук месинџер. Сето тоа е бесплатна услуга.
Браудер објаснува дека ботот зборува со корисниците и им поставува прашања, истовремено снимајќи ги нивните разговори за да може да ја пополни соодветната документација.
„Функционира преку поставување на серија прашања за да одреди дали бегалецот е соодветен за добивање азил според меѓународното право. На пример, „Дали се плашите дека ќе бидете изложени на тортура во вашата татковина?“.