Робот адвокат бесплатно им помага за правни прашања на луѓето со ниски примања

Познатиот сервис за правна помош „Не плаќај“ (DoNotPay) најави проширување на своите услуги со тоа што ќе им помогне на своите корисници со советување за 1 000 правни прашања, целосно бесплатно. Новите услуги се однесуваат на потрошувачките и работничките права и ќе бидат достапни во повеќе од 50 држави.

Сервисот ќе им помага на возачите со казните за паркирање и на бегалци при аплицирање за азил. Исто така, тој ќе може да им помогне и на луѓето кои искусиле некакво малтретирање на работното место или кои едноставно сакаат рефундирање за расипан производ.

„Проширувањето се однесува на правата на потрошувачите, од борбата со сопственикот за домување до добивање на повратни пари, кога нешто не е доставено на време”, вели творецот на сервисот Џошуа Браудер.

„Мислам дека бизнисите треба да бидат принудени да ги третираат потрошувачите подобро, а ботовите за правата на потрошувачите се надевам дека ќе го променат тоа.”

Адвокатите на DoNotPay се бесплатни. Тие се особено корисни за лица со ниски приходи кои се борат со правни прашања.

Преку DoNotPay, корисникот има едноставен, инстант чат каде го поставува прашањето со свои зборови. Дури и поплаките како „Мојата авиокомпанија ме зафркна” ќе бидат регистрирани од системот.

Потоа, виртуелниот адвокат одлучува како најдобро да му помогне на корисникот врз основа на неговите одговори на серијата прашања. DoNotPay, исто така, може да ги поврзе корисниците со надворешна помош, како непрофитна организација која обезбедува про-боно застапување или можности за акција во посериозни случаи.

Сервисот постои веќе две години. Браудер го разви додека бил студентот на Стенфорд, откако морал да се расправа за сопствените паркинг билети. Тој вели дека бил сведок на многу адвокати кои „ја искористуваат човечката мизерија” заради профит, особено влијаејќи на луѓето со ниски примања.

Ботот беше начинот на Браудер да го измами пристрасниот систем, создавајќи слободен начин за луѓето да се справат со правните прашања. Според Браудер, стапката на успех на DoNotPay е околу 55 проценти, што значи дека машината е прилично добра во она што го прави.

Тој се надева дека DoNotPay помага во изедначување на правната игра, давајќи им на сите луѓе иста моќ како и најбогатите во општеството.

„Мислам дека светот е толку неправедно место”, вели тој. „Компаниите за кредитни картички им наплаќаат на сиромашните повеќе за истото, а работодавачите не го почитуваат правото на породилно отсуство. Половина од сите билети за паркирање се отфрлени во Њујорк, а претходно главниот начин да се поправи оваа неправедност е да платат адвокат, да дадат стотици долари за копирање и принтање на документи. Се надевам дека DoNotPay им дава на луѓето начин да се залагаат за своите права“, смета тој.