Робоград – претстава од деца за деца

По барање на публиката, Колектив Ветерница ја најави третата изведба на претставата „Робоград“, во Младински културен центар,  Кино Фросина која ќе се игра во среда (14 март).

„Робоград“ е танцова претстава од деца за деца која раскажува за еден град кој ги претставува сите градови на светот и карактерите кои живеат во нив односно брзањето, рутината и оттуѓувањето наспроти спонтаноста, љубопитноста и соживотот. Претставата е приказна за нашето време, односно невербален театар кој дрско ја отелотворува важноста на слободната игра бидејќи само таа може да го спаси светот.

„Таа ниту се купува, ниту се продава – играта ја носиме во себе и во неа сме сите еднакви! Затоа, дојдете да си играме!“, порачуваат од Ветерница.

Претставата почнува во 19:30 часот, а цената на билетот е 100 денари.