Ристовски: Засилени контроли за фалсификувани дипломи

Министерството не попушта - екстерното оценување било успешно!

Министерството за образование ќе ги засили контролите на сите универзитети, најавува министерот Спиро Ристовски.

Оваа одлука е донесена откако вчера во Тетово,  беше откриено дека се фалсификувале дипломи од новоотворениот медицински факултет,  на тамошниот државен универзитет.

Ристовски изјави дека во оваа фаза од истрагата за откриената лабораторија за фалсификувани дипломи од Државниот универзитет во Тетово не може да се потврди дали нив ги има кај лица во Македонија или биле наменети само за граѓани во Италија.

„Врз основа на оперативните сознанија кои ги имаме добиено од Министерството за внатрешни работи, станува збор за изолиран случај во Тетовско, каде што граѓанин фалсификувал дипломи за италијански граѓани за Државниот универзитет во Тетово. МВР во соработка со МОН ќе ја продолжи истрагата“, изјави Ристовски по посетата на Технолошко-металуршкиот факултет.

Додаде дека ДУТ е целосно вклучен во истрагата и со негова директна поддршка се расветлува случајот. Според него, МВР ги открила дипломите наменети за странски државјани во Италија кои, веројатно, ги подготвувале за употреба во Италија. Известени се надлежните институции во Италија апаралелно се вршат и проверки во соработка со други надлежни институции дали имало фалсификување дипломи и претходно или биле на друго место употребени, додаде министерот.

Ректорот на Државниот универзитет во Тетово, Вулнет Амети исто така изјави дека Универзитетот презел конкретни мерки за откривање на случајот на фалсификувани дипломи од Факултетот за медицински науки и оти по собирањето на сите докази го известиле Секторот за внатрешни работи во Тетово.

Погледнете ја изјавата на Ристовски, која ја пренесуваме од телевизијата 24 Вести:


IZJAVA SPIRO RISTOVSKI KONTROLA NA FAKULTETI… by 24vesti