Рим нуди кредит за јавен превоз во замена за пластични шишиња

Жителите на Рим ќе можат да добијат по пет центи кредит за јавен превоз за секое пластично шише кое ќе го рециклираат на специјалните апарати поставени околу метро станиците, соопштија градските власти.

Засега локалната власт има поставено три тест-апарати, а трансакциите ќе работат преку скенирање на телефоните на корисниците, пренесува Еуроњуз.

„Ова е навистина добра вест за нашиот град. Верувам дека ќе има бесконечни редици, па ќе бидат поставени многу повеќе вакви апарати“, вели Адолфо Францо, жител на Рим кој користел еден од новите апарати.

Според надлежните од римското претпријатие за јавен превоз, кредитот за пластичната амбалажа ќе биде собиран на профилот на патниците преку посебни апликации.