Рим добива „зона на црвени фенери”

Властите во Рим ги потврдија плановите за добивање на зона на „црвени фенери”, во која ке ја толерираат сексуална работа, пренесе Б92.

Игнацио Марино, градоначалникот на Рим, најави дека оваа одлука ќе стапи на сила од април.

Советот на општината предложи за сексуалните работници, кои што се занимаваат со „најстариот занает”, да добијат дозволи и тоа да се одвива во нерезиденцијалниот дел од градот, додека сексуалните работници кои што не го почитуваат ова, и работат надвор од овој дел ке бидат казнувани по 500 евра.

Ако овој експеримент е успешен, градот би можел да добие три одвоени зони на „црвени фенери”.

Кристина Латанци, Римјанка која што ја поддржала оваа одлука вели дека досегашната состојба потсетувала на ноќна мора.

„Рим е веќе град на црвени фенери, бидејки сексуалните работници се наоѓаат во повеќе од 20 улици, преку ден и ноќ. Постојат улици за транвестити, улици во кои што има млади девојки, улици за машки сексуални работници…на граѓаните им е потребно само мир”, вели таа.

Аввенире, неделниот магазин на Конференцијата на италијанските бискупи, овој план го нарече „срамен”, бидејки „Рим е колевка и срце на христијанскиот хуманизам“.

Џовани Рамонда, рече дека за оваа одлука „Рим ќе добие зона во која ќе се толерира, ропството на жената”.

Католичката група на која што и припаѓа се залага, Италија да се угледа на Шведска, во која што борбата против проституцијата е насочена кон тоа да се криминализираат клиентите, а не сексуалните работници.

Извор: Б92