„Риголето“ во Македонската опера и балет

Македонската опера и балет  го најавува бисерот на оперската уметност – „Риголето“, едно од најголемите и најсилни оперски ремек-дела на таткото на операта – великанот Џузепе Верди. Претставата ќе се игра на 15 март, со почеток во 20:00 часот.

„Риголето“  е драма на човечкиот живот која  јасно, силно и емотивно ги прикажува скриените негативни карактеристики кај луѓето кои ги потиснуваат љубовта, слободата, радоста…

Трагична приказна за љубомора, одмазда и жртва. Напишана според  драмата на Виктор Иго „Кралот се забавува“, „Риголето“ како опера е раскажана со возбудлив музички јазик и нејзиниот успех наназад низ историјата не се должи само на либретото, на трагичната судбина на насловниот лик, туку уште повеќе на прекрасните арии  меѓу кои и (“La  Donna è mobile”),  и на воопшто, убавата мелодиска структура.

Диригент е Бисера Чадловска, а режисер Нина Најденова. Во улогата на Риголето настапува Ристе Велков, Џилда е Наде Талевска-Спасовска, а војводата од Мантова е Зоран Сотиров. Настапуваат хорот и оркестарот на МОБ.