Ricky Gervais ќе биде водител на „Златен глобус“ 2016

Британскиот комичар Ricky Gervais ќе ја води церемонијата на доделување на наградите „Златен глобус“, која ќе се одржи на 10 јануари. Ова ќе биде четврти пат како Gervais се појавува во оваа улога, а последен пат беше водител во 2012 година.

Контроверзниот водител изјавуваше дека повеќе никогаш нема да биде водител на „Златен глобус“, а оваа улога ја презема од женскиот двоец – Tina Fey и Amy Poehler, кои имаа одлични оценки за работата во изминатите три години. Gervais беше критикуван во 2012, поради некои негови забелешки поврзани со сексуалната определба на Jody Foster и со скандалот со татковството на Justin Bieber.

Номинациите за престижната филмска и телевизиска награда ќе бидат соопштени на 10 декември, еден месец пред свеченоста. 73-то издание на „Златен глобус“ во САД ќе се пренесува на мрежата НБЦ.

Еве го воведниот говор на Ricky Gervais од 2012: