George Miller, режисерот на филмовите „Mad Max“, ќе претседава со жирито во Кан

Режисерот на четирите филмови од серијата „Mad Max“ и на филмот за деца „Babe“, George Miller, ќе претседава со жирито на 69-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Кан, кој годинава ќе се одржи од 11 до 22 мај.

За разлика од претходните претседатели на фестивалот, браќата Ethan и Joel Cohen или Jane Campion, 70-годишниот Miller не е меѓу вообичаените гости на Канскиот фестивал, и покрај тоа што тој бил член на жирито во 1988 и 1999 година. Неговиот последен филм од серијата на „Mad Max“, „Fury Road“ беше прво негово дело кое учествуваше на фестивалот во Кан.