Режисерката Ким Лонгиното доаѓа на „Загребдокс“

Една од најзначајните авторки на документаристиката, Ким Лонгиното, ќе биде гостинка на годинешниот, 11. по ред „Загребдокс“.

На Лонгиното ќе и биде доделена наградата „Моја генерација“, а ќе бидат прикажани и нејзините најнови филмови „Соноловка“ (Dreamcatcher) и „Љубовта е сè: 100 години љубов и додворување“ (Love Is All: 100 Years of Love and Courtship).

Родена во 1952 година, оваа британска документаристка е позната по исклучителните човечки портрети и опсервациски документарни филмови кои ја тематизираат положбата на жената во современото општество, од Иран и Египет до Јапонија и супсахарска Африка.

Препознатлива е по вештото избегнување на стереотипите на западниот феминизам каде жените од „третиот свет“ се потретирани како жртви, а не како ностителки на промените и затоа работи со локални активистки.  Од 1976-та режирала и продуцирала дваесетина филмови кои се наградувани во Кан, Чикаго, Санденс и др.

Е.Д.