„Резервен живот“ на Димковска објавен на хрватски

Издавачот „Лјевак“ од Загреб е го објави романот „Резервен живот“ на Лидија Димковска, во ревод на универзитетскиот професор Борислав Павловски. На промоцијата, која се одржа во рамки на проектот  „Еуропеа у Дворишту“, чија цел е промовирање на современите европски писатели и нивниот книжевен опус, а се добитници на Европската награда за литература

На промоцијата, чиј модератор беше писателката Ивана Бодрожиќ, зборуваа авторката Димковска и преведувачот Павловски, осврнувајќи се пред сè на симболичките нивоа на оваа исклучителна комплексна сага за две девојчиња со споени глави и историскиот и политичкиот контекст на текстот – распадот на Југославија, македонкото општество, прашањата за идентитетот кои се дел од наративот на романот.

„Резервен живот“ беше објавен во 2012 година од издавачката уќа „Или-Или“, а добитник на наградата на Европската унија во 2013 година. Досега е преведен на десетина јазици.

Е.Д.