Ревија на современ венецуелски филм во Кинотека

Фестивалот за дебитантски филмови Киненова, во соработка со Амбасадата на  Боливарска Република Венецуела во Софија, организира ревија на современи филмови од оваа држава.

Филмовите ќе започнат на 24 октомври во 20 часот во Кинотека на Македонија, а ќе се прикажуваат до 28 октомври.

Ревијата на современ венецуелски филм се отвора со победникот на „Киненова 2017“, филмот „Фамилија“ на Густаво Рондон Кордова.