Ревија на шпански филмови во Охрид

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ од 20-ти до 26-ти јули во Охрид ќе се одржи ревија на шпански филмови.

Ревијата на шпански филмови е во организација на Амбасадата на Шпанија во Македонија, Министерство за култура, Кинотека на Македонија, и НУ Центар за култура „Григор Прличев“.

Во рамки на овој настан ќе бидат прикажани филмовите: „Метод“, „Кучето на градинарот“, „Еден пиштол во секоја рака“, „Теза“, „Дедото“, „Додека спиеш“ и „Ќелија“.